(Видео) Мртви кучиња пронајдени едно покрај друго во Бутел, „Анима Мунди“ се сомнева на труење

t

Повеќе кучиња се пронајдени мртви, едно покрај друго, на јавен простор во скопската населба Бутел. Од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ се сомневаат дека животните биле отруени и бараат итна реакција од надлежните институции.

Според здружението, кучињата изгледаат како да потекнуваат од исто легло, а особено загрижувачки е тоа што сите биле пронајдени на истото место.

„Дали биле отруени таму? Дали некој ги донел и ги оставил едно покрај друго? Имаат ли сопственик? Што точно се случило?“, прашуваат од „Анима Мунди“.

Од здружението бараат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да излезат на терен, да извршат увид, да обезбедат докази и да ја утврдат точната причина за смртта на животните. Бараат и проверка на околните безбедносни камери за да се утврди дали постои одговорно лице.

„Отровот не убива само кучиња. Тој претставува опасност и за други животни, но и за луѓето, особено за децата“, предупредуваат од здружението, нагласувајќи дека евентуалното поставување отров на јавна површина претставува сериозна закана за безбедноста.

Од „Анима Мунди“ потсетуваат дека член 233 од Кривичниот законик предвидува санкции за неоправдано убивање и мачење животни.

Здружението бара итна истрага и утврдување одговорност, со порака дека случајот не смее да заврши без институционална разрешница.

„Кој ги уби овие животни? Кој ги остави таму? И повторно ли никој нема да одговара?“, прашуваат од „Анима Мунди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мртви кучиња пронајдени едно покрај друго…

Повеќе кучиња се пронајдени мртви, едно покрај…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Костовски: Крај на узурпацијата на јавниот простор,…

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, порача…

Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за…

Општина Бутел денеска донираше 22.000 литри вода…

Бутел и Аеродром денеска без струја, најавени…

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека денеска (петок)…