Објавено на:

(Видео) Надзорните камери снимиле: Маж фрлил новороденче во ѓубре, полицијата затекнала ужас во собата

t

Надзорна камера го снимила грозоморниот момент кога маж го вади телото на новороденче од дома и го фрла во ѓубре во грчкиот град Враврони.

На видеото се гледа како Непалецот држи две кеси во левата рака и ги фрла во корпата за отпадоци. Се испостави дека во една од торбите има мртво бебе.

Во петокот полицијата приведе Непалец кој признал дека го фрлил бебето во контејнерот, но тврди дека не го убил детето туку дека е мртво родено. Против него е поднесена кривична пријава за убиство од небрежност.

Локалните медиуми јавуваат дека жената се породила во 5-ти месец од бременоста и дека бебето е родено живо. Полициски извори велат дека таа во четвртокот вечерта отишла во болница поради крварење и дека лекарите забележале дека е бремена, но не можеле да утврдат дали има спонтан абортус или нормално породување.

Полицијата потоа отишла во хотелската соба на сопружниците и открила крв на тоалетната школка и постелнината, но и на многу други места.

Телото на бебето било лоцирано на депонијата во петокот, додека резултатите од обдукцијата ќе бидат познати во понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден кокаин во простории на 47-годишник од…

Вчера, полициски службеници од ОВР Струга го…

Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…

Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…

Ја запалил колата на мајка си, па…

28-годишен скопјанец е приведен откако, според сомневањата…

Непочитување на прописите придонело да загине работник…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог…

Златото бележи остар пад на берзата –…

Цената на златото на американскиот пазар забележа…