(Видео) Наместо да протестираат за ФЗОМ опозицијата вади афера за дуќан на брат му на Груби, а Мицкоски гради куќа од милион евра во Козле

t

Се губат податоци, се крадат податоци, измислуваат хакери во ФЗОМ за да биде глупоста поголема и опозицијата наместо да се нареди таму пред ФЗОМ излегуваат со “афера” дека брат му на Артан Груби купил дуќан, вели во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

– Каква е таа афера? Брат му на Артан Груби купил дуќан, глупости, кога би било се средено, вадеа нели афери илјади евра краделе и излегува оваа пратеничкава што земала исто илјадници евра со четири станови во Скопје.

Во овој момент таа информација што се лиферува од центарот за дезинформации и невистини што работи на вториот спрат се користи за да се побие поважната информација и скандал и да се створи слика дека некој нешто таму работел и извадил некоја афера.

Ние не слушнавме една реакција за ФЗОМ, а во исто време имаш глупа тема за дуќанот. Тој што кажува дека некој некаде купил дуќан, што правиме и дали некогаш искоментирал и дали не демантирал како прави куќа во Козле. Татко му, сестра му, не знам кој таму на Мицкоски. Колку кошта куќа во Козле, испод 250.000 евра нема, да ја купиш, да ја срушиш, да платиш комуналии, да изградиш нова, имаш инвестиција од милион и нешто. Ти го кажуваш примерот на Таравари, а не се гледаш себеси во огледало, кој беше најдобар Албанец до пред некое време, вели Митовски.

– Е затоа народот подобро ќе гледа серија и нема да излезе пред ФЗОМ, народот знае дека тој што ги лиферува информациите на Артан Груби, истиот човек викаше за Али Ахмети дека е искусен политичар и дека сака од него да учи кога мислеше дека може лесно да изгради коалициски капацитет и мислеше дека со додворување на ниво на дете од 13 години, наменско додворување… Тие сега го гранатираат овие два-три дена, се иссмевата и го сведуваат на ниво на политички деген и гледаат дека тој не прави промоција на платформа туку хендлање и манипулирање на членството да се создаде привид дека нешто работи, вели Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…