Објавено на:

(Видео) Напади врз медиумски екипи во Косово, запалени и возила!

t

Возило на телевизијата ТЕВЕ1 е запалено во Зубин Поток, откако исто така претходно беа нападнати новинари и беа оштетени исцртани со српски и руски симболи и исфарбани со боја неколку други возила на медиуми на албански јазик кои известуваат од протестите на локалните Срби во северно Косово.

Новинарот на ТЕВЕ1, Члиримтар Морина, кој известува од протестите на локалните Срби, во кои има повеќе маскирани лица, изјави дека не успеале да видат кој го запалил возилото и дека во инцидентот нема повредени.

Настанот се случи недолго откако Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) упати апел до домашните власти и меѓународната заедница за заштита на новинарите кои известуваат од протестите на Србите против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население.

Според АГК, во текот на денешниот ден се случиле најмалку пет напади врз новинарите и медиумските екипи на косовскиот север.

Оштетени се возилата на телевизијата „Дукаѓини“ и на порталот „Калѕо“, а нападнати се новинар и екипа на порталите „Перископи“ и „Газета Папирус“. Претходно и албанската телевизија „Топ Чанел“ објави дека е оштетено нејзиното возило.

На оклопно возило на косовската специјална полиција беше закачено државното знаме на Србија, додека на возило на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, беше испишана буквата „З“ (Z), која е симбол на руската војска во војната во Украина.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на…

Остануваат уште две недели до крајот на…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Спајиќ: Црна Гора ја сака Србија, но…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во интервју за…