Објавено на:

(Видео) Нападнат рускиот град Белгород. Погодена и градската администрација

t

Украинското беспилотно летало удрило во зградата на градската управа во Белгород, при што биле повредени две жени, објави гувернерот на руската погранична област Белгород Вјачеслав Гладков, пренесува руската државна новинска агенција Тас.

„Непријателски дрон удри во управната зграда на Белгород. Две лица се повредени: една жена се здобила со рани од шрапнели, додека другата се здобила со повреда од експлозија. На повредените им е пружена сета неопходна медицинска помош“, напиша Гладков на својот канал Телеграм.

Според Гладков, стаклата на зградата се искршени, а фасадата е оштетена од шут. Сите служби за итна помош излегоа на лице место за да ги расчистат последиците од нападот. Гладков изјавил и дека дрон паднал на покривот на трговски центар во близина на железничката станица, при што нема жртви, но е оштетен еден автомобил.

На социјалните мрежи се шири видео од беспилотно летало кое паѓа и експлодира недалеку од камерманот. Според првичните информации, камерманот не е повреден во експлозијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…

Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…

Трамп вечерва го собира својот тим за…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…

Путин предупредува: Постои зголемен ризик од глобален…

Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски…

Македонија повторно горда: Парада на гордоста во…

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во…

(Видео) Излезете на следниот марш, ние сме…

Повикувам на масовност, јас марширам на секој…