(Видео) Напад во трговски центар во Сиднеј, најмалку четворица загинати, стотици евакуирани

t

Голема полициска операција е во тек по извештаите за избодени повеќе луѓе со нож во трговски центар во близина на плажата Бонди во Сиднеј. Стотици луѓе беа евакуирани од трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн.

Локалните медиуми објавија дека во трговскиот центар Вестфилд се слушнале истрели.

Толпи луѓе во паника бегаат од трговскиот центар во Сиднеј по извештаите за повеќекратни прободувања и можно пукање. Според австралискиот медиум 9Њуз, се претпоставува дека се повредени неколку лица.

Полицијата соопшти дека е во тек операција и дека еден маж бил застрелан.

„Нешто пред 16:00 часот беа повикани службите за итна помош по дојавата дека неколку луѓе се избодени со нож. Се повикуваат граѓаните да го избегнуваат овој простор“, соопшти полицијата, пренесува австралискиот медиум 9Њуз.

Областа беше евакуирана, а на социјалните мрежи беа објавени фотографии од службите за итна помош и полициските возила на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…