(Видео) Напаѓач со пиштол рани шест луѓе на универзитет во Флорида
Шест луѓе се ранети кога млад човек денеска отворил оган врз студенти и предавачи на државниот Универзитет на Флорида во американскиот град Талахаси, јавија локалните медиуми. Информацијата за нападот и за бројот на повредени ја пренесе американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече и дека еден од повредените е во сериозна состојба, а напаѓачот е уапсен.
Претставниците на локална болница потврдија дека шестмина ранети се примени, но не дадоа детали за тежината на нивните повреди или нивната состојба.
Очевидци раскажаа дека виделе помлад човек, кој личел на студент, како излегува од Студентскиот центар со пиштол. Тие ја опишаа паниката на кампусот на универзитетот за време на нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Флорида изврши две смртни казни, првпат по…
Американската сојузна држава Флорида изврши две смртни…
(Видео) Огромен пожар во Флорида!
Пожарите западно од Мајами сега изгореа речиси…
Флорида го тужи ChatGPT: Обвинет е за…
Сојузната држава Флорида стана првата американска држава…
(Видео) Експлодираше ракетата на Џеф Безос за…
Ракетата „Њу Глен“ на „Блу Ориџин“ експлодираше…
Двојно убиство на Универзитетот на Јужна Флорида:…
Поранешен студент на Универзитетот на Јужна Флорида…