(Видео) Наполи е зрел за шампионска титула: Осимен ја сруши и Рома
Наполи сезонава игра фантастично, а тоа го потврди и вечерва на „Олимпико“, каде славеше со минимални 1-0 кај Рома во рамки на дербито на 11.коло во Серија А.
По силна рововска битка од двете страни, каде повеќе се мислеше да се зачува својот гол, решавачкиот момент се случи во 81.минута. Виктор Озимен прифати една долга топка пред Крис Смилинг и бише од десно многу откосо, но успеа да го матира Руи Патрисио.
Osimhen’s bullet against Roma. They need to check the net after the game.
— POOJA!!! (@PoojaMedia) October 23, 2022
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 57.минута од натпреварот.
Наполи останува на врвот на табелата со 29 бодови и без ниту еден пораз, три повеќе од Милан. Рома е на петтото место со 22 бода.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
Дуа Липа и Рита Ора ги поддржаа…
Популарните пејачки Дуа Липа и Рита Ора…
Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога…
Властите на Босна и Херцеговина денеска објави…
Одбрана: Немаме официјална информација за намалување на…
Од Министерството за одбрана немаат добиено официјална…