(Видео) Народна револуција во Македонија: Полицијата ја спречуваше пајак службата да крене возило на колега, граѓаните ги принудија да го спроведат законот
Граѓани издејствуваа пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Малоо“. По повеќеминутна расправија со вработените кои првично не сакаа да го „кренат“ возилото со објаснување дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност. Возилото ги изиритира граѓаните зошто беше паркирано сред велосипедската патека.
„Ќаква е таа должност четири саати пред кафеана, прашуваа граѓаните кои како што може да се види од објавата на социјалните мрежи го пријавиле случајот.
Полицаецот на должност кој е присутен заедно со вработените во пајкат службата, првично се обидува да им објасни зошто не треба да се крева возилото, но по нивната упорност и откако се консултираше со некого вели „Кревајте го“, по што вработените во ПОЦ го земаат возилото.
Инаку мора да се напомене дека полицаец се обиде да ги спречи припадниците на пајак службата во извршување на својата службена должност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…