(Видео) НАТО бара непријател за да има причина за постоење: Во некои држави се бираат пороци наместо морал – Дали Зеленски е зависник од дрога?

t

Во Тешки муабети се зборуваше за ситуацијата во Русија и Украина, а гостин во емисијата беше и Сашо Андоновски кој е Македонец заглавен во Киев заедно со сопругата и двете малолетни деца поради тоа што немал можност за евакуација. Јанко Илковски објасни за конфликтот, за нуклеарните сили кои Путин ги стави на готовност денес и за потребата на НАТО да побара непријател во Русија. “Можеме да имаме симпатии спрема една или друга страна ама има војна и во неа страдаат невини. Мојата подршка е кон оние што страдаат, не мерам дали е праведно или не, дали се во право или не. Нашиве аналитичари се катастрофа, ни јазик знаат ни познаваат ни следат. Мене ме фасцинираше зошто интернетот бил толку битен за воена комуникација, особено потоа за нуклеарните катастрофи. Постојат сериозни протоколи кои ни 95% не се зависни од човек во време на катастрофа, човек може само да прогласи степен на конфликт. Највисокиот степен е 80тите години кога Реган и Горбачов дојдоа до степен да дојде до нуклеарна катастрофа. Во ниеден моомент ниеден силос не беше отворен. Сите тие имаат мобилни ракетни системи, подморници кои се многу опасни. Колку што има околу Русија американски, толку има и руски околу Америка. Путин ги покачи на степен на готовс само заради реториката на Западот, мене ми се бриша целата слика на Путин, ова покажува дека он ја изгуби ладнокрвноста. Не ја разбирам оваа криза како што не можев ниедна пред неа, Авганистан, Гранада, падот на Југославија, бомбардирање, 2001ва година.” – вели Јанко. Александар Митовски објасни дека реакцијата на Русија е поради дејствијата на Западот кој ја снабдува Украина со оружје. “Подигнувањето на степенот на готовност на нуклеарните сили е поради дејствија не поради реторика на Западот кои ја снабдуваат Украина со оружје. Мислам дека тоа е чекор премногу од страна на Путин и Руската федрација, она што го кажа Путин зошто е таа воена операција беше завршена во првите 15 часа, тоа е обезбедување на мир во Донбас и ослободување на руското население таму врз кое се вршеше геноцид. Објаснувањето на Путин да продолжи кон Киев е да се симне нацистичката власт од власт. Но луѓето страдаат заради политики на големите држави и воени сили тоа е реалноста за жал. До 1996 година планот за Русија да биде дел од НАТО е се уште активен, после тоа прекинува. Морал во држави како Чеченија, Украина, Македонија, Украина, Албанија не се бира, се бираат пороци. Почни од Кучна, Тимошенко, Јанукович, Порошенко, па сега и Зеленски за кого има реални информации дека е зависник од дрога.”- вели Александар Митовски. Јанко само додаде дека и Кока Кола го спасила Пепси за да има конкуренција, поврзувајќи ја истата приказна со НАТО и Русија. “На НАТО им одговараше да ја држат Русија надвор од нив за да имаат непријател. Во педесеттите години Кока Кола не сака да ја преземе Пепси во нејзина сопственост за да има опонент бидејќи смета дека треба да има конкурент, дури и индиректно им помага да останат на нозе. Ова е вистинска приказна. Е сега Западот и НАТО не можат да најдат причина за нивно постоење после Железната завеса и Студената војна кога Русија е лоша. Нив не им одговара демократизирана и напредна Русија. Замислете Русија да беше во НАТО и цел свет да црпеше ресурси од таму. Ама Западот одлучува дека е подобро да имаат непријател.” – заврши Јанко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Ова е историски ден

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Шолц: Украина и Молдавија се дел од…

Договорот на лидерите на Европската унија денеска…

ЕУ продолжува со воена помош за Украина:…

Лидерите на земјите од ЕУ на самитот…

Вучиќ: Ниту ќе го признаеме Косово, ниту…

Односите со Русија не се променети во…

Зеленски “неочекувано” пристигна во Германија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, неочекувано пристигна…