(Видео) Нацев: Има повеќе причини за денешниот напад на Русија
По денешната ескалација на Украинската криза, во Инфомакс разговаравме со проф. д-р. Александар Нацев за причините кои стојат зад одлуката на Русија да ја нападне Украина.
Професорот верува дека нема една единствена причина, туку станува збор за повеќе нивоа на причинители: – „Прво, дојде до геостратешки и геополитички поместувања, второто ниво на одговор е затоа што се судрија интересите на Русија и НАТО, третиот одговор е дека Русија мораше да прикаже дека поседува воена моќ и решителност и тоа да го прикаже пред целиот свет, веќе неколку дена бевме во очекување, слушавме ѕвечкање на оружје, но сепак, утринава бевме изненадени глобално“
Нацев смета дека други причини, како и политичко-економските последици кои следуваат по војната ќе може да се согледаат и анализираат во периодот кој следи – „Тоа може да го заклучиме од првиот ден на инвазијата. Русија направи проекција на моќ. Гледаме поместување на берзите, ценовни скокови. Може да виидме сихронизирани, но и не-сихрониирани одговори на членките на ЕУ и НАТО. Ќе го почекаме утрешниот самит, да видиме каков ќе биде тој координиран одговор кој што треба НАТО да го понуди и да излезе со консензуален и заеднички став по прашањето за моменталната инвазија“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…