(Видео) Нацев: Нашата министерка избрза со ставовите, требаше да го почекаме НАТО
По денешната ескалација на Украинската криза, во Инфомакс разговаравме со проф. д-р. Александар Нацев за пристапот на Македонија кон украинската криза и ставовите на нашето министерство за одбрана.
Професорот Нацев вели дека министерката Славјанка на почетокот избрза со ставовите дека ќе праќа војска, по што се повлече и изјави дека не можеме да праќаме војници – „Она што таа не требаше да го направи во таа првична фаза беше избрзувањето со такви реакции. Ние сме членка на НАТО, требаше да се почека, да се види каков ќе биде ставот на алијансата. Алијансата работи на консензус. Она што ние требаше да го направиме како земја членка е да почекаме координиран одговор од НАТО, како НАТО би се поставило кон прашањето, па потоа државите индивидуално да го повторат тој став, да го зајакнат, за да нема дискрепанца помеѓу земјите членки на НАТО“
Тој исто така вели дека е забележлива разлика помеѓу ставовите на земјите членки на Европската унија околу прашањето за санкциите – „Некои земји се за послаби санкции, некои за построги. Тоа во НАТО алијансата обично не е пример, туку одлуките се донесуваат со консензус па потоа се настапува, да се каже кој е ставот“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…