(Видео) Нацев: На Балканот не се очекува воена дестабилизација

t

По денешната ескалација на Украинската криза, во Инфомакс разговаравме со проф. д-р. Александар Нацев за состојбите на Балканот и потенцијланата опасност за дестабилизација од БиХ и Република Српска, како и за улогата која би ја имала Македонија во едно такво сценарио.

Професорот смета дка ситуацијата со Репубика Српска е од политичка природа – „Додик тоа го прави за да ја задржи популарноста, да се направат проблеми во претседателството. Функционалноста на БиХ е комплицирна состојба за менаџирање. Таа реторика не доаѓа само од Додик. Другите политички фактори имаат исто така остра реторика, но не толку експлоитирана по медиуми“ – Истакна професорот Нацев.

Тој исто така спомена и дека во меѓународното право веќе постои преседан со она што се случуваше во Косово, па потоа дојде Крим, Луганск и Доџетск- “Кога еднаш ќе направите преседан, тогаш тоа може да го очекувате на повеќе места. Неговата реторика во БиХ очигледно наидува на одобрување кај неговото гласачко тело и затоа впрочем човекот е толку време на власт, но некои сериозни дестабилизирачки случувања во нашиот регион не се за очекување“ – Додаде Нацев, алудирајки на мировните мисии во БиХ во кои учествува и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…