(Видео) Нацистот Џамбаски им се заканува на Македонците: Најави ли атентати на Македонци?!

t

Глумењето жртви и лудилото на официјални бугарски претставници, меѓу кои секако и европратеникот Џамбаски за случајот со претепувањето на секретарот на бугарскиот нацистички клуб “Цар Борис Трети” во Охрид, оди дотаму што телевизии во Бугарија организираат емисии на темата.

Во најмала рака е глупаво и недржавнички од страна на истите тие, кои знаеме дека сакаат да постигнат во јавноста мислење дека Македонците се насилници, да бранат некој за кој според искази на локалното население не бил тепан затоа што е Бугарин, туку затоа што е криминалец, претходно фатен со дрога кој, според охриѓани имал и некои долгови.

Но тоа е Бугарија.

Уште подрско е што Џамбаски јавно, на телевизија, се заканува дека Бугарите ќе ја земеле работата во свои раце, ќе се врателе на старите навики на организацијата, веројатно мсилејќи на ВМРО.

– Треба да се прави тоа што го правело историската ВМРО и ќе му дојде време и на тоа. Треба да се заштитат Бугарите во Македонија, не може да дозволиме да ги претепуваат затоа што се Бугари, вели тој.

Очекуваме МНР да реагира, конечно да собере храброст и да го прогласи човеков за непожелна личност во Македонија.

Можеби Џамбаски треба да каже дека ќе се врати на старите корени кои многу повеќе му се нацистички, отколку вмровски, а и неговите изјави во целост се нацистички. Можеби Бугарите на телевизија “се јаки” да се враќаат кон старите корени, но не заборавајте дека и на Македонците некогаш ќе им пукне филмот…

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ