(Видео) Највисоки почести и огромна почит за Македонија: Како Њетањаху како премиер на Израел го пречека Груевски?!

t

Бенџамин Нетанјаху вчера победи на изборите во Израел и се враќа за премиер. Тој беше најдолго премиер на Израел, цели 15 години. Сега доби нов мандат.

Нетанјаху е еден од најголемите сојузници на Трамп и на Орбан.

Македонија за време на владеењето на Никола Груевски изгради многу блиска соработка со Израел, а самиот Груевски со Нетанјаху, која во делот на безбедноста беше на ниво на стратешко партнерство.

Од пребарување на интернет се гледа дека Никола Груевски својата последна посета на друга земја како премиер ја направил токму во Ерусалим, во Израел во декември 2015 година, каде беше срдечно примен од Премиерот Нетанјаху и каде се потпиша декларација за пријателство со Израел.

Претходно Груевски во неколку наврати патувал во официјални и работни посети на Израел каде се сретнал и со уште една легенда на израелската и светската политика, претседателот на Израел Шимон Перес, но и со министерот за надворешни работи Либерман, со министерот за трговија Шарански, шефот на опозицијата во тоа време Исак Херцог, кој денес е актуелен претседател на Израел и со многу бизнисмени и инвеститори.

Од пребарувањата на интернет може да се види дека Никола Груевски беше премиер кој беше многу меѓународно активен и за разлика од другите премиери пред и после него, покрај интензивните патувања во земјите членки на ЕУ и Брисел, Груевски одржуваше добри релации и чести патувања и средби во САД, Кина, Индија, Русија, Бразил, Јапонија, Канада, Аргентина, Мексико, Израел, Австралија, Британија, Азербејџан, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Сингапур, Хонг Конг, Јужна Кореја, Швајцарија, Норвешка, Украина, Мароко, Либија и други.

Опозицијата во тоа време жестоко го нападна заради средбата со претседателот на Зимбабве, Мугабе. Сепак неколку дена подоцна пристигна и резултатот од средбата од кој се виде и дека средбата имала цел, а тоа е што Зимбабве ја призна Македонија под нејзиното уставно име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…