Објавено на:

(Видео) Најголемата подводна ерупција предизвика цунами во Тонга

t

Пацифичката држава Тонга е погодена од бран цунами по ерупцијата на вулканот на дното на Тихиот океан.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат огромни бранови како удираат по брегот и луѓе кои се обидуваат да побегнат од водената стихија.

Некои жители на Тонга биле затекнати од цунамито додека биле на миса во црква каде останале заробени.

Во водите на Тихиот океан во близина на Апиа, главниот град на Самоа, регистрирани се бранови со висина од околу 1,5 метри, било соопштено од американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами.

Метеоролошката служба на Тонга соопштила дека предупредувањето од цунами е на сила на целиот остров.

Предупредување од цунами исто така издала и Националната служба за вонредни ситуации на Нов Зеланд, како и американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Расте тензијата во Јапонија: Реакторите на…

Јапонската влада и Комисијата за атомска енергија…

(Видео) Најнова вест: Етна еруптира

Вулканот Етна во Сицилија, Италија почна да…

Вулканска ерупција во Исланд, прогласена вонредна состојба

Експертите изразија стравување дека вулканска ерупција, која…

Силен земјотрес во Тихиот Океан: Исклучена можноста…

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според…

(Видео) Луѓето панично бегаат од домовите: Турција…

По земјотресот што вечерва ја погоди Турција,…