(Видео) Најмалку едно лице загина во руски напади врз Херсон
Најмалку еден жител загина, а седуммина се ранети во руски воздушен напад врз јужниот украински регион Херсон, соопшти синоќа на Телеграм шефот на регионалната воена администрација, Олександар Прокудин.
Нападот, кој исто така бил проследен со артилериски оган, оштетил неколку згради и возила, соопштија властите. Регионот Херсон, кој се наоѓа на линијата на фронтот, повеќепати е цел на руски напади.
Во Никопол, во регионот Дњепропетровск, седум патници биле ранети во напад со дрон врз еден минибус. „Намерен и циничен напад врз цивили“, коментираше на Телеграм регионалниот воен администратор Олександар Ханжа. Фотографијата што ја додаде кон објавата прикажува целосно изгорени автобусот, додека пламените сè уште горат, пренесе ДПА.
Русија води војна против Украина речиси четири и пол години. Веќе некое време, руските сили примарно ја таргетираат цивилната инфраструктура во соседната земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…