(Видео) Најслаткото нешто што сте го виделе: Мечка се тегне покрај патот во близина на Стража

t

Интересно видео се појави на социјалните мрежи од патот кон Стража во близина на Гостивар каде мечка заедно со своите мечиња се движи во близина на автопатот.

На видеото се гледа мајка мечка заедно со уште едно мече.

Да потсетиме дека претходно усмртена мечка била најдена утрово во близина на коловозот од магистралниот патен правец Гостивар-Кичево.

Според првичните сознанија од увидот, мечката најверојатно на возраст од 2-3 години била удрена од возило и од повредите угинала. Младата мечка беше најдена во непосредна близина на излезот од Гостивар до паркингот кај Здуњски мост.

Центарот за управување со кризи информираше дека поведуваат процедура пред надлежните министерства за земјоделство и за екологија, да извршат процена дали се исполнети условите за отстрел на мечка на територија на Општина Маврово и Ростуше. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на прес-конференција посочи дека станува збор за мечката која на 23 октомври нападна и повреди 76 годишник од Пласница.

„Како Центар за управување со кризи, ние сме против убивање на мечките, но во случај на појава на опасната мечка, којашто не е спорно дека нападнала човек и за којашто постои опасност повторно да нападне човек, да убие човек или истиот тешко да го повреди, ние само ја придвижиме процедурата пред надлежните министерства“, рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука,…

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере…

(Документи+Видео) На крајот парите завршувале во ВМРО-ДПМНЕ?!…

Македонија се соочува со најголемата измама и…

Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…

Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…

После 10 дена од испаѓањето на РЕК…

(Видео) Кривична пријава за узурпација на јавен…

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“…