(Видео) На НАТО му треба причина да постои, затоа провоцираат конфликт во Украина – Ова е борба против именки
Во втората епизода од втората сезона на Тешки муабети со Милош Милошевски на Инфомакс се коментираше и за можниот конфликт во Украина.
Митовски посочи дека НАТО по студената војна нема причина да постои, па затоа бара причина во Русија.
“Русија не може да биде со недостаток на било каков ресурс затоа што е огромна замја. На НАТО му треба причина за да постои, после студената војна нема причина да постои и сега треба да најде причина за постоење. Путин има четири барања до НАТО, а едно и најважно е да нема проширување на НАТО. Газпром го направи Северен тек 2 кој во моментов ја обезбеди Русија со тоа што ја поврза со западниот дел од Европа. Сега Германија си го гледа соптвениот двор, не тој на Украина. Гледав интервју каде Русија требало да биде дел од НАТО, но таа идеја се изјаловува бидејќи Бил Клинтон барал непријател и тоа требало да биде Русија. Има само една жртва која Русија не сака да ја даде и тоа е Украина, тоа е цел зачеток на руската држава. Русија објасни дека ова не е подготовска за војна туку само воена вежба на руската војска.” – објасни Александар Митовски
Јанко истакна дека САД се обидува да ја ослаби Русија и дека сака да го врати светот во времето на Студената војна.
“Сферата на влијание не е променета, сега САД ја менува. Они пробуваат да ја ослабат Русија ама Газпром направи договор со Кина и си ја осигура положбата и цената. САД сакаат да се врати периодот од студената војна.
Замисли дека почнал конфликт и НАТО е солидарен со украинскиот народ, Славјанка тргнува напред со голи гарди, ете ќе отидеме сите и што ќе направат овие? Ќе се затворат, нема доток на плин… Колку сведоштва има размислете, Русија има примери на толку издржувања на тешки ситуации, ама овде дали ќе можеме ние? Не страдаше во втора светска војна Европа, ние страдавме тука. Војната е нонсенс. На пазарот не му треба војна туку стабилност, луѓе да купуваат и да трошат пари. Трамп и сам кажа дека НАТО нема причина да постои.”- вели Јанко.
Милош коментираше дека САД не се подговтвени да влезат во воен конфликт со Кина, која всушност е реална опасност и од која економски е зависен целиот свет.
“Америка во моментов не е спремна да се бори со Кина којашто е реалната опасност. Бајден увезува гас од Украина. Никој не смее а ја нападне Кина бидејќи сите светски компании Гугл, Ејпл и слично соработуваат и зависат од Кина” Ова е војна против именки, прво беше дрога, сега е Украина. – кажа Милош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…