Објавено на:

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО, УРАГАНОТ „ЛАНСИРАШЕ“ КАУЧ НА НЕБОТО НАД АНКАРА!? Ветрот дувал со брзина од 145 километри на час!

t

Главниот град на Турција Анкара вчера беше погоден од силен ураган, кој уништи голем дел од градската инфраструктура. Уништени се минариња, покриви, згради, а еден граѓанин снимил неверојатна сцена, која навистина го илустрира размерот на катастрофата. На небото над Анкара во еден момент полета и кауч!

„Летечкиот кауч“ не можеше да помине без бројни коментари на Твитер.

„Ова не се случува!“ – зачудено изјави еден.

„Кутри луѓе…“ – напиша друг.

„Дали е тоа птица? Дали е тоа авион? Не, тоа е кауч!“ – се пошегува трет.

Засега не е познато дали има повредени, а штетата од ураганот сè уште се пресметува.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, брзината на ветерот изнесувала и до 145 километри на час. На терен имало дури 1.221 возило на градската служба и 2.565 вработени, кои континуирано интервенирале во отстранување на последиците од разорниот ураган. Како што соопшти градоначалникот на Анкара, отворена е и специјална линија за помош на граѓаните.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1659124520421081092?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1659124520421081092%7Ctwgr%5E76ebf6bf1b804819a1f502d4d445aa8cf520b513%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fvideo-nevero-atno-uraganot-lansirashe-kauch-na-neboto-nad-ankara-vetrot-duval-so-brzina-od-145-kilometri-na-chas%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…