Објавено на:

(Видео) „Невидливиот“ американски авион Ф-35 вреден 100 милиони долари заврши во водите на Јужното Кинеско Море 

t

На социјалните мрежи се појави видео од падот на скапиот и најнов американски авион Ф-35Ц во морето при слетување на носач на авиони во Јужното Кинеско Море.
На видеото, направено од бродот, се гледа како „невидливиот“ F-35C , чија вредност е 100 милиони долари по парче, се приближува до носачот „Карл Винсон“. Кога авионот се приближил до палубата, се слушнало како се обидува да го забрза моторот, а потоа се слушнал силен тресок. Американската морнарица потврди дека ова видео, како и фотографиите на кои се гледа F-35C во морето, се автентични, јавуваат американските медиуми.

„Проценуваме дека снимката и фотографиите што се појавија се направени од носачот на авиони „Карл Винсон“ за време на инцидентот“, изјави капетанот на фрегата Хејли Симс, портпаролка на Седмата флота на САД.
Таа додаде дека во тек е истрага за причините за несреќата, како и напори за извлекување на потонатиот брод од морето.
Западните медиуми објавија дека Вашингтон сака да ги пронајде остатоците од авионот што е можно поскоро, пред Кина да го најде, но портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан демантираше дека Пекинг е заинтересиран да ги бара остатоците од авионот.
Авион Ф-35 се урна за време на вежби на американската морнарица во Јужното Кинеско Море. Пилотот, кој е повреден, се катапултирал од авионот, а покрај него се повредени шест морнари и сите се префрлени во болницата на Филипините, пренесува RT.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…

Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…

(Видео) Авион се излизга од пистата во…

Авион со 132 патници на аеродромот во…