(Видео) Нема веќе Македонија горда, сега Македонија е Северна – Мицкоски даде заклетва со новото име на државата
Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани е изгласана новата Влада, чиј премиер ќе биде Христијан Мицкоски.
Мицкоски потклекна на притисокот од Атина па така денеска при давање на заклетвата го употреби уставното име на државата Република Северна Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 4.12.2019-та година за ТВ 21 изјави дека ако во иднина биде премиер, ќе го употребува името Македонија, и по цена да му го одземат мандатот.
-Ова е за мене Македонија и Македонија ќе остане. За да се случи промена на Уставот, ние чесно пред граѓаните ќе излеземе со две понуди. Се знае, за да се промени Уставот, за да отидеме ние чекор назад, мора да имаме 80 пратеници и услов Бадинтер. Ме прашувате зошто го употребувам името Македонија. Јас ви давам одговор, никогаш нема на митинг, на состанок, да го употребам името со новата придавка. Грев ли е да викам Македонија? Нека ми го земат мандатот. Кажувам отворено, никогаш нема да ја кажам придавката на новото име. Никогаш, нека ми го земат и мандатот, рече Мицкоски.
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на собраниската седница го повика мандатарот Христијан Мицкоски да даде заклетва без „Северна“.
„Секогаш кога ќе има лоша влада на СДСМ, доаѓа ВМРО и обратно и, за жал, мандатаре, Вам Ви се обраќам, уште во старт ретириравте на неколку полиња! Прво и основно ретериравте кај придавката Северна и рековте дека сега ќе го изговарате, наводно, новото име. Во една емисија рековте дека дури и мандатот ќе го жртвувате – Вие новата придавка не сакавте ни да ја ословите која е, викавте дека нема да ја изговорите, а сега тврдите и сами кажавте дека ќе дадете заклетва со таа придавка. Еве, јас ве повикувам, да не испадне дека го кршите зборот, имате време да си дадете оставка, па да си останете на зборот – истакна пратеникот од Левица – Борислав Крмов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…
Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…
Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…
Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…
Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…
Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…
Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…