(Видео) Нема повредени во пожарот во Безистенот во Струга
Нема повредени лица во пожарот кој удринава избувна во Безистенот во Струга, вели во изјава за Курир портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавата во струшката полиција пристигнала околу 10 часот.
-Добиена е пријава за пожар во деловен објект во Безистенот во Струга. Интервенираше ТППЕ Струга. Повредени лица нема, а увидот привршува, додава Димовски.
На терен интервенираа четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари.
Според првични и неофицијални информации, пожарот не бил подметнат.
Безистенот во Струга функционира како отворен трговски центар во кој се сместени угостителски објекти, бутици, менувачници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…