(Видео) Необична приказна: Кинез допатува од Италија за да им даде поддршка на Србите во Косово
Србите на северот на Косово веќе седум дена протестираат пред општинските згради во кои влегоа новите градоначалници, Албанци, со помош на косовските специјалци, а во ова добија поддршка и од еден Кинез.
Хан Минџи, родум од кинеската провинција Анхуи, студира во Италија, а моментално е во Лепосавиќ, каде дошол да им даде поддршка на Србите, бидејќи, како што вели за Косово онлајн, тие се во право.
„Студирам во Италија, ме интересираат политички теми. Слушнав што се случува овде, дека новите градоначалници се Албанци, дека има конфликти. Сакав да дојдам и сам да видам што се случува“, вели тој.
Италија, вели, не е далеку, прво отпатувал за Црна Гора, а оттаму со автобус до Приштина и Митровица, а сега е во Лепосавиќ.
„Ситуацијата е комплицирана, не знам многу детали за се, но тие што протестираат се во право. Во Приштина има Албанци, но овде има Срби, а не Албанци, затоа и градоначалниците треба да бидат Срби. Не е добро да се Албанци“, убеден е овој млад човек.
Добро е, вели, што нема насилство, а особено напоменува дека никаде на северот на земјата немал никакви проблеми.
„Се чувствувам добредојден, ме пречекаа пријателски меѓу Србите во Лепосавиќ“, додава тој.
Неговото патување од северот на Косово го носи понатаму во Србија, во Нова Варош, потоа во Белград, а потоа се враќа во Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…