Објавено на:

(Видео) НЕРАЗЈАСНЕТА ЕКСПЛОЗИЈА НА КРИМ: Украинците велат дека собориле руски ракети, Русите истражуваат

t

Процесот на демилитаризација на Русија и подготовката на украинскиот полуостров Крим за деокупација продолжи со мистериозен „тресок “, коментираа украинските власти.

Снимка од експлозија на Крим која се случила ноќеска се прошири на социјалните мрежи. Украинската страна вели дека се работи за соборување на две руски ракети од типот „Калибр НК“, кои ги користат руските бродови од Црноморската флота за гаѓање цели внатре во Украина, пишува Гардијан.

Видеото го сподели советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко. Тој вели дека според говорот од видеото се работи за железничката станица во градот Џанкој на полуостровот. Експлозијата се случила на околу 140 километри од линијата на фронтот.

Украинските власти на Телеграм го коментираа случајот:

„Процесот на демилитаризација на Русија и подготовката на украинскиот полуостров Крим за деокупација продолжи со мистериозен „тресок “.

Според руската страна пак, оштетени се само едно или две домаќинства, а едно лице е повредено.

– Сè уште се обидуваме да ги утврдиме сите последици – изјави Сергеј Аксјонов, рускиот гувернер на Крим.

Истовремено, руски корисници на Телеграм пишуваат дека можеби станува збор за напад со дрон.

Лани во октомври украинските сили во разорна експлозија го разнесоа мостот кој го поврзува Крим со остатокот од Украина. Ова беше едно од поголемите понижувања за рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…

Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…