Објавено на:

(Видео) Несекојдневна снимка: Повредено мече претрчува преку патот во близина на браната во Маврово

t

Младенче од мечка е снимено на само стотина метри од браната Маврово, на патот меѓу Дебар и Маврово, објави порталот Гостивар прес.

На несекојдневната снимка се гледа како мечето претрчува преку патот, куцајќи на предната лева нога, која очигледно му е повредена.

Како што е познато, мечките во текот на зимата хибернираат, односно спијат, а напролет излегуваат и поминуваат цели денови во потрага по храна, што веројатно и го натерало мечето да се спушти во предели населени со луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар…

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно…

Густа магла кај Бунец, Маврово видливоста намалена…

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива…

Со купена ски карта во Маврово ќе…

Со купена ски карта во Ресорт Маврово…

Мечките во Мавровско нема да се убиваат,…

На денешната владина седница разгледан бил Записникот…

Сообраќајка во Маврово, тешко е повреден мотоциклист

МВР информира дека вчера во 13.40 часот…