Објавено на:

(Видео) Нетанјаху: ИДФ ги ликвидираше потенцијалните наследници на починатиот лидер на Xезболаx

t

Израелските сили ги ликвидирале потенцијалните наследници на ликвидираниот лидер на Хезболах, Саид Хасан Насралах, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, без да именува за кого станува збор.

„Ги намаливме можностите на Хезболах. Елиминиравме илјадници терористи, вклучувајќи го и самиот Насрала и наследникот на Насрала, како и наследникот на наследникот“, рече Нетанјаху во снимената видео порака до народот на Либан, пренесе Ројтерс.

Претходно, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Хашем Сафиедин, човекот кој требаше да го замени убиениот Насрала, веројатно е „елиминиран“, но не беше јасно на кого мислеше Нетанјаху кога зборуваше за „наследникот на наследникот“. , наведува британската агенција.

„Денес Хезболах е послаб отколку што беше со многу години“, рече Нетанјаху во својата видео порака до народот на Либан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Командант на ИДФ: На израелската армија итно…

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…

Израелската армија затвори двајца војници за кршење…

Израелската војска во вторник соопшти дека двајца…

ИДФ: Ќе продолжиме да го гониме секој…

Израелската војска предупредува дека ќе продолжи да…

(Видео) ИДФ уништи ќелија на Хезболах во…

Ќелија оперативци на Хезболах беше убиена во…

Израел: Се намалува бројот на ирански напади,…

Според израелската војска, стапката на ирански ракетни…