(Видео) НЕ Е БИТНО ДАЛИ МОЖЕШЕ ДА СЕ СПРЕЧИ ВОЈНАТА: Руските мајтапџии ја добија Меркел на линија!

t

Дали таа (специјалната воена операција) можеше да се спречи или не? Ова прашање повеќе не е релевантно, изјавила Меркел, додавајќи дека, според неа, договорите од Минск ѝ дале на Украина повеќе време „да се развие во периодот меѓу 2014 и 2021 година“.

Не е битно дали можеше да се спречи војната во Украина, бидејќи договорите од Минск од 2014 година ѝ дале на земјата време да се развие во последните години, им рекла Ангела Меркел, некогашната германска канцеларка на руските комичари Вован и Лексус. Меркел мислела дека од другата страна на телефонот е Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, jaвува АсошиејтедПрес.

Меркел на почетокот од разговорот побарала од „Порошенко“ да го чува во тајност нивниот разговор. Таа одбила да зборува на руски велејќи дека нејзиниот руски станал уште полош од 2014 година. За договорите од Минск, кои беа потпишани во текот на нејзинот владеење таа рекла:

– Дали таа (специјалната воена операција) можеше да се спречи или не? Ова прашање повеќе не е релевантно – изјавила Меркел, додавајќи дека, според неа, договорите од Минск ѝ дале на Украина повеќе време „да се развие во периодот меѓу 2014 и 2021 година“.

Меркел смета дека претседателите на САД и Франција, како и актуелниот германски канцелар Олаф Шолц, покажуваат консензус во однос на Украина. Таа понатаму истакнала дека Франција и Германија „комуницираат многу активно со САД“.

Руските шегобијци Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус) неодамна се јавија некогашниот шеф на Пентагон, кај полскиот претседател Андржеј Дуда, а во 2019 година му се јавија и на поранешниот македонски премиер Зоран Заев исто така претставувајќи му се како Петар Порошенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…