(Видео) Не е заветна: Албанска химна ечи на официјален меч во македонска лига!

t

Голем скандал се случи викендов во тетовско Желино каде што на натпревар од македонската четврта лига во тетовскиот регион се интонираше албанската химна.

Станува збор за натпревар помеѓу екипите на Палатица и Влазрими од Слатино кога од некоја причини домаќините ја интонираа химната на Албанија .

Ваквиот потег е кршење на сите правила на Фудбалската федерација на Македонија од каде што би требало да има реакција и санкција за организаторите на натпреварот.

„Пред почетокот на натпреварот сите фудбалери се здружија и со гордост ја испеаја албанската химна, посебен момент кој покажа дека фудбалот не само спорт“, стои во дел од објавата на социјалните мрежи на екипата на Влазрими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…