Објавено на:

(Видео) Не е прашање дали, туку кога ќе се случи нова пандемија, предвидува директорот на СЗО

t

Во иднина неизбежно ќе се појави нова пандемија. Затоа Меѓународната заедница треба да се подготви да одговори на таа закана, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во видео обраќање на платформата „Икс“, поранешен Твитер.

„Следната пандемија не е прашање дали, туку кога ќе се случи. Не можеме да си дозволиме да ги повторуваме грешките од минатото. Затоа земјите-членки на СЗО преговараат за нов договор во врска со пандемијата и измените на Меѓународните здравствени регулативи, со цел да се зајакне правната рамка за глобален одговор на пандемии“, вели Тедрос во видеото објавено на „Икс“.

За доброто на идните генерации, според Аданом, не смееме да се вратиме на стариот циклус на паника, како што вели тој, се случило во време на пандемијата од ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…