(Видео) Не разбирам како населба со доминантно христијанско население протестира против изградба на црква: Овие протести се искупување на нереагирањето за Пуцко Петрол

t

Во денешната епизода на Тешки муабети се зборуваше за протестите против деталниот урбанистички план за населба Влае.

Еве што кажа градоначалникот Јакимовски за тоа:

“Кога Пуцко Петрол можеше да земе 15 милиони евра ниедна партија мува не ја лазеше. ама сега за да скренат внимание од тоа се свртеа кон деталниот урбанистички план.

Граѓаните знаат дека се што е направено во Влае, од улици, тротоари, се било за нив. Во Влае не се протестира заради планот туку се протестира заради мене, против мене. ДУП – от им е повод за да дигнат глас и да дискутираат за мене.

Во моментов во Карпош има изработка на 39 ДУП-ови кои ги наследив од Стефан Богоев, јас ги ставив на увид на сите советници и служби.

Ако сакате да откупите земјиште, да градиме градинка, не може бидејќи немаме урбанистички план. Сега во тој план кој го изготвиле урбанисти нема ништо спектакуларно. Таму има предвидено детска градинка од Град Скопје, не ние. И нема подобра локација за градинка.

Таму е предвидено да се изгради црква затоа што тоа беше барање на граѓаните, не ми е јасно мене како во населба во која живее доминантно христијанско население се протестира против изградба на црква.

Мислам дека ова е за да се прикријат настаните во февруари, да се искупат за Пуцко Петрол” – заклучува Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/informax.macedonia/videos/1640581009624885/?notif_id=1648066916688788&notif_t=page_video_broadcast_crossposted_to_page&ref=notif

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ