(Видео) „Не се срамам да ви покажам што работам, бидејќи сум истиот човек што ви ја направи најјаката забава“: Музичарот Таско откри како заработува за пристоен живот на семејството
Не се срами од тоа што го работи. Посебно кога треба да заработи за семејството и да му обезбеди пристоен живот. Музичарот Христијан Тасковски –Таско на социјалните мрежи преку видео и поучен статус, покажа дека иако е дел од македонската музичка сцена и се занимава со музиката, тоа не му носи голема заработка, па дополнитело мора да заработи за да обезбеди посветла иднина за сопругата и неговиот син.
Изминатите неколку месеци го прашувале „каде е, и што прави“, па одлучи преку видео да покаже каде е во меѓувреме. На видеото пејачот покажа дека работи работа од која не се срами, затоа што има цел во животот. Порачва до сите, да не се срамат од тоа што работат и што ги прави среќни.
@tasko_ur Get up dad. We got work to do. Salute to all the dads out there doing what they have to do, just to provide for their families. For those dad’s who hustle, and don’t wait for no ones handout. Keep grinding man. I salute you 🫡 #dad #dadsoftiktok #life #hustle #grind #family
„Видеото што го ставив на Тик ток го ставив поради една причина. Постојат многу татковци кои се борат со секојдневните предизвици за добар живот за да им угодат на своите семејства. Далеку од нив. Со по 12 и повеќе часа работа на ден. Сакав само да споделам дека терминот „јавна личност“ за мене е непознат поим. Јас никогаш не сум се гледал како јавна личност, туку како човек што прави сѐ од љубов. Сѐ што работам го работам 100% или воопшто не го работам. Нема средина. Како татко чувствувам голема одговорност да бидам главата на семејството и да им го направам патот полесен на мојата жена и деца. И не, немам срам да ви покажам што работам, а не треба да имате и вие, бидејќи јас сум истиот човек што ќе ви ја направи најјаката забава, и песни. Бидете ми здрави и живи, и работете тоа што ве прави среќни и безбедни, само така ќе спиете мирно“, порача Таско.
Веројатно за ваквиот потег на музичарот ќе има многу кренати палци и коментари кои ќе му бидат „ветер во грб“.
Фото: Инстаграм/ Принтскирн Тик ток
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…