(Видео) Ништо не зависи од Данела, ние сме власт во Скопје – Мицкоски се самопрогласи за одговорен за состојбата во главниот град

t

Кога зборуваме за концептот Модерно Скопје , тука ништо не зависи само од градоначалничката Арсовска туку зависи од мнозинството во Советот каде најбројни се претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, ова е ставот со кој лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја презеде одговорноста за направеното, односно ненаправеното во главниот град изминативе две години.

„Доаѓаме сега за тоа што го зборувам цело време а тоа е концептот за Модерно Скопје. Не зависи тој концепт сега во моментот само од Данела, туку зависи и од политичките партии кои се дел од Советот каде што мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Мицкоски при едно негово гостување на „Макфакс“.
Иако мнозинството во Советот на Град Скопје го има партијата на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, програмата за Модерно Скопје со која нивната кандидатка Данела Арсовска победи на локалните избори и две години по започнувањето на мандатот останува неисполнета.

„Ќе си донесе Советот одлука, буџетот ќе си го направи таков како што треба, односно за реализација. Нормално дека ќе играме на таа карта, тоа сме го ветиле пред граѓаните“ вели Мицкоски во интервјуто.

На овој начин свесно или не, лидерот на најголемата опозициска партија се самопрогласи за одговорен за сето она што му се случува на нашиот главен град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден починат маж во скопско Волково

На 28.11.2026 во 14:50 часот во СВР…

Во Македонија влегле со уредни турски патни…

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен…

Зеленски нареди целосно да се урне Кримскиот…

Украина подготвува нови напади врз Кримскиот мост,…

Приведена охриѓанка: Нападнала малолетен член на семејството

На 28.11.2026 во 21:20 часот, полициски службеници…

Снежното невреме ја парализира Бугарија, населени места…

Обилните снежни врнежи и силниот ветер предизвикаа…