(Видео) НИШТО НОВО: Бугарите пак крадат песни, сега „Една мисла имаме“ од Војо Стојаноски
Песната „Една мисла имаме“ изведувана од македонскиот пејач Војо Стојаноски пред неколку години беше земена од бугарската пејачка Глорија, а познатите стихови преработени од „Македонија цела да е“ во „Бугарија цела да е“.
Станува збор за македонска песна чии автори се групата „Пелистер“, а текстот на Владе Георгиевски од истата група. Синот на легендарниот Војо, Драган Стојаноски неодамна реагираше дека никој од државата не се погрижил да реагира за авторските права на песната и како тоа од „чеда на Александар“ се дојде до „Аспарух“.
Истата песна сега доби нова верзија од бугарската пејачка Дана. Покрај голем крст, облечена и во бугарско знаме, Дана пее „България цяла да е“ и како тие не се „ни Руси ни Американци“. Во описот на видеото никаде не стои кои се авторите на песната од 1992 година.
Новиот спот за „Всеки да я знае“ доаѓа само неколку недели по кражбата на „Свадба е голема“, исто така изведувана од Стојаноски. Текстот за „Свадба е голема“ го напиша Радмила Митровиќ, а музиката и аранжманот се на нејзиниот сопруг Никола Митровиќ. И нивните имиња се изоставени во бугарската верзија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца загинати и стотици илјади домаќинства без…
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична…
Германија ќе ја обнови оштетената заштитна конструкција…
Оштетената заштитна конструкција над уништениот реактор во…
Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот…
Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче,…
ВМРО-ДПМНЕ: Воведени се нови 28 дестинации од…
Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна…
(Видео) ФФМ: Недозволиво е да има закани,…
На натпреварот од четвртото коло на Првата…