(Видео) Ни Рокас не знае што ќе биде ако Македонија и Бугарија не се договорат за Гоце Делчев и Охридската Архиепископија
Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека историските прашања не мора да бидат целосно затворени пред членството во Европската Унија, посочувајќи дека и меѓу актуелните земји-членки постојат историски дебати кои продолжуваат по нивното пристапување во Унијата.
Одговарајќи на новинарско прашање на „360 степени“ за тоа што би се случило доколку не се постигне согласност за историски прашања како Гоце Делчев и Охридската архиепископија, Рокас истакна дека не може да ги коментира позициите на поединечните земји-членки во процесот на проширување.
„Секогаш можеме да им ја оставиме историјата на историчарите. Имаме примери и кај постоечките земји-членки на ЕУ каде ваквите прашања продолжуваат да се дискутираат и по самото пристапување во Унијата“, изјави Рокас.
Евроамбасадорот нагласи дека од суштинско значење за европската интеграција се добрососедските односи и спроведувањето на веќе постигнатите договори со добра волја.
Според него, Македонија треба да го искористи актуелниот моментум на проширување и политичката посветеност на европското раководство, чии пораки, како што вели, се кристално јасни – Македонија припаѓа во Европската Унија.
„Сакаме да продолжите со пристапните преговори, но секако, договорите и преземените обврски мора да се имплементираат со добра волја и да продолжиме напред“, порача евроамбасадорот.
Рокас додаде дека искуствата од процесот на проширување покажуваат дека земјите постигнуваат конкретни резултати кога активно преговараат и веруваат дека членството е достижна цел.
Сепак, евроамбасадорот не даде конкретен одговор дали евентуалното непостигнување согласност за Гоце Делчев, Охридската архиепископија и другите отворени историски прашања би можело да претставува пречка за членството на Македонија во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ни Рокас не знае што ќе…
Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека историските прашања…
МВР: Три лица уасени и регистрирани 13…
Тринаесет нарушувања на јавниот ред и мир…
Ахмети и Џафери го честитаа Денот на…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот…
Граѓаните бараат спас кај Народниот правобранител: Поднесени…
Само од почетокот на годинава до канцеларијата…
(Фото) Снежна покривка од 40 сантиметри на…
Зимската атмосфера веќе го зафати Националниот парк…