(Видео) Ни Ф од фирма: Нема просторија, нема вработени, ама ќе шијат униформи за 4 милиони евра!
Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, денеска ја посети „фабриката“ која ќе ги шие полициските униформи. На терен не постои фирма, нема табла, нема вработени, ама ќе шијат униформи за 4 милиони евра, вели Костовски.
– Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР.
Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје.
И што најдовме тука? Апсолутно ништо!
Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата.
Како е регистрирана оваа фирма?
Дали фирмата има фиктивно седиште?
Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори.
Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи?
Ова не е обичен тендерски скандал.
Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта.
СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на овој скандалозен тендер.
Парите на граѓаните не се за партиски и бизнис зделки на министрите од ВМРО-ДПМНЕ!
СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има! – истакна Костовски.
Инфомакс пишуваше за набавката на униформи уште на 6 мај, кога објавивме дека двете компании со кои е склучен договор во вредност од околу 4 милиони евра се со вкупно десетина вработени и веројатно немаат капацитет да испорачаат доволен број на униформи за македонската полиција.
Детали прочитајте во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…