(Видео) Новинарот Гајдов тврди: Фрчкоски е мозокот на атентатот на Киро Глигоров – Зошто не ги послуша апелите на странските тајни служби?
И ЦИА и британската и германската тајна служба веднаш по атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров испратија телеграми до македонските служби да не се пипа ништо на местото на атентатот затоа што нивни специјални единици веднаш доаѓаат. Но, тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски дал наредба само после 120 минути да се тргне мерцедесот од местото на атентатот. Тој е мозокот на атентатот. Ова вечерва го изјави Љубомир Гајдов, долгогодишен новинар, надворешно-политички коментатор за емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
Во разговор со заменикот на шефот на ФБИ, на моето прашање за тоа кој е организаторот на атентатот, тој ми рече дека тоа „Го направија вашите. Најблиските соработници на Глигоров“. Фрчкоски е мозокот на атентатот. И шефот на ЦИА Џорџ Тенет во една прилика изјави дека се знае кои беа најблиските пријатели и соработници на Глигоров. Мислите случајно е тоа зошто Вашингтон не се согласи поранешниот македонски министер за внатрешни работи да биде амбасадор во САД. Тоа секој паметен човек може да го прочита, изјави Гајдов.
Линк од видеото: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=1327441597734088
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Црна Гора спречен атентат со снајпер…
Во текот на оваа недела, во Црна…
Русија тврди дека и Полска е вмешана…
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот…
Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за…
Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот…
Застрелан заменик-шефот на руското воено разузнавање!
Заменик-шефот на руската воена разузнавачка служба е…
Петмина уапсени поради наводен обид за атентат…
Пет лица се уапсени во Еквадор поради…