Објавено на:

(Видео) Нови поплави во Србија: Наврнаа преку 120 литри дожд, прогласена вонредна состојба во неколку општини

t

Нови поплави во неколку општини во соседна Србија, прогласена е вонредна состојба во неколку од нив.

Во општина Петровац на Млава поради обилните дождови синоќа и утринава е прогласена вонредна состојба. Таму само утринава од пет до седум часот наврнаа околу 120 литри дожд на метар квадратен, што доведе до полнење на канализацијата за дожд и излевање на водата. Во утринските часови во некои делови од градот водата стигнала до половина од вратите на автомобилите, што може да се види и од видеата кои кружат на социјалните мрежи.

-Вонредната состојба првенствено е прогласена за да се овозможи ангажирање на потребната механизација која ќе учествува во отстранување на опасноста и санирање на оштетената инфраструктура – изјави Христина Ѓорѓевиќ, шеф на кабинетот на градоначалникот на Петровац на Млава.

Најкритично во село Лесковац

Проценето е дека дека поради обилните врнежи во целата општина има зголемување на нивото на водата во реките од прв и втор ред, како и во нивните поројни притоки и потоци, а има и појава на подземни води.

-Во постојан контакт сме со граѓаните и нè известија дека имаат проблеми со подземните води, дека некаде е оштетена патната инфраструктура. Најкритично е во селото Лесковац каде се поплавени најголем број домаќинства, а потоа село Шетоње. Најважно е да нема повредени. Во Рановац, Витовница и Мелница не се поплавени куќите, туку поројните реки Витовничка и Стамничка во кои се влеваат поројните потоци се излеале во нивите. Во Петровац имаме дојава дека влегла вода во подрумите – рече Ѓорѓевиќ.

Се уште нема информации колку домаќинства и обработливи површини се поплавени, бидејќи се уште се врши проценка. Членови на Штабот за вонредни состојби и претседатели на месни заедници се на терен со цел што поскоро да се утврдат штетите и да се започне со отстранување на последиците. Упатија барање до граѓаните да пријават во штабот доколку им се оштетени домаќинствата или обработливите ниви од поплавата.

Вонредна состојба во општина Жагубица

Вонредна состојба е прогласена и на дел од територијата на општина Жагубица за населените места Рибаре, Осаница, Крепољин, Сиге, Милановац, Крупаја, Близнак, Медвеѓица и Брезница.

Според Предраг Ивковиќ, заменик градоначалник на општината, на ова подрачје наврнале најмалку 100 литри дожд на метар квадратен. Водата навлегла во десетина станбени згради, а најмногу настрадала инфраструктурата, Атар и локалните патишта во селата каде е прогласена вонредна состојба.

-Во Жагубица е формирана комисија за проценка на штетите и се надеваат на помош од државата во санација. Во моментов измена на режимот на сообраќај има на делницата Крупаја – Крепољин и Петровац на Млави – Крепољин. Одрони имало и на повеќе места на патот Крепољин – Деспотовац во населбата Милановац. Сообраќајот се одвива бавно, на повеќе места на еден коловоз. Екипите се на терен и работат на расчистување – соопштија од ЈП „Патишта Србија“.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…