(Видео) Нови протести против работата на Бехтел и Енка во Прилеп – Левица даде поддршка
Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување.
Пратеникот Сашко Јанчев даде поддршка на блокадата.
,,Се наоѓам над селото Ореовец. Оваа грдосија позади мене е последица на минирањето на турско – америчкиот конзорциум ,Бехтел и Енка’. Од минирањето загрозени и загадени се извори на вода од кои и ден денес пијат вода Прилеп и селата околу Прилеп. Во селото Ореовец оштетени се куќи, загрозени се ендемични видови на животни коишто ги има само тука…”
Ова е последица на оној криминален и противзаконски договор којшто го направи претходната влада со турско – америчкиот конзорциум на ,,Бехтел и Енка”, па поради тоа граѓаните тука се самоорганизираат веќе десетина дена. Имаат протестна блокада и не дозволуваат машини и работници да доаѓаат и да продолжат со работа.
,,Левица како што и досега го блокираше, претходно во Собрание, спроведувањето на договорот со Бехтел и Енка со илјадници амандмани, така ќе продолжи сега веќе и физички на терен да ја поддржува борбата на граѓаните. Секој ден ќе бидеме тука на терен со нив, а исто така и правниот тим и пратеничката група максимално ќе се вложи оваа деструкција да биде спречена”, истакна Јанчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира…
По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
(Видео) Голем пожар во Прилеп, гори депонија…
Голем пожар попладнево изби во кругот на…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…