Објавено на:

(Видео) Нови тензии во Бугарското собрание, турнат пратеник

t

Страстите во пленарната сала во Бугарското народно собрание повторно се разгореле. Неколку минути по почетокот на седницата, спикерот бил принуден да објави пауза од 20 минути, јавуваат бугарските медиуми.

Новата тензија, која прераснала во физичка пресметка меѓу пратениците на „Продолжуваме со промените“ и ДПС, дошла по изјавата на Костадин Костадинов од „Преродба“.

Костадинов од говорницата ги употребил зборовите „фашистички ѓубриња“ и повика „никој да не ја окупира државата“. Неговиот говор предизвика неодобрувачка реакција меѓу присутните.

Јавор Бојанков од БСП веднаш излегол на говорницата и изјавил: „Очигледно Костадинов е единствениот кој намерно ја турка државата во конфликт“.

Расправиите во салата продолжиле, по што дошло до размена на остри реплики меѓу Росен Костурков и Настимир Ананиев од „Продолжуваме со промените“ и Хамид Хамид од ДПС.

-Потоа се собрале пратениците од двете партии. Ананиев беше турнат. Причините и околностите околу тензиите не се целосно јасни, но се претпоставува дека причината е однесувањето на пратеникот Костурков, објавија бугарските медиуми.

После инцидентот, седницата не продолжила.

Пред две недели, имаше слични инциденти во Народното собрание, при што исто така дојде до турканици меѓу пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…