(Видео) Новогодишна честитка од подмладокот на Левица: Да се разбуди младината, да се стави крај на општиот дебилизам

t

Подмладокот на политичката партија Левица објави новогодишна честитка и порача дека изминатава година Црвената младина била на улиците, рамо до рамо со секој угнетен Македонец.

Во продолжение нивната објава на Фејсбук:

– Другари и другарки,

Измина уште една година, а ние непрекинато се боревме за да го разгориме жарот кој секој млад човек кој го носи во себе. Жарот за подобро утре и градење на достоинствена држава. Изминатава година, ние бевме на улиците, рамо до рамо, со секој угнетен Македонец.

Оваа наша генерација, можеби е последната генерација која се’ уште има можност конечно да ја отпочне акцијата за градење на држава, која ќе биде во наша корист, а не за пустите странски дворови и домашни предатори. Овој пат можеби е долг и тежок но, имаме водилка што вреди да се следи – ние на крајот од овој тунел гледаме светло небо.

Затоа, во Новата Година, имаме една и единствена желба.

Пробудување на младината од нејзината долговечна хибернација, за да ставиме крај на денешниот општ дебилизам и да ја начнеме иднината како реалност на дел од нашата замисла за утрата кои се’ уште не сме ги проживеале.

Младино, во Новата Година ви посакуваме да го имате револуционерниот дух, до победата наша, а и по неа! Придружете се и бидете дел од баукот кој кружи над нацијата!

Ќе победиме! 

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците на Левица и во овој мандат…

- 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар, велат од Левица. -…

Мециновиќ: НЕ за патни трошоци, средствата да…

- Јас ќе бидам искрен, можеби е…

(Видео) Мециновиќ: Ние сме за протекционистичка економија,…

Левица е за протекционистичка економија, вели во…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да…

ВМРО-ДПМНЕ го пирзнава Преспанскиот договор и само…