Објавено на:

(Видео) НОВ ИНЦИДЕНТ: Косовски специјалци повторно упаднале на територија на централна Србија!

t

Членови на косовската полиција навлегле на 500 метри на територијата на централна Србија, изјави Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија.
Петковиќ рече дека со возило ја поминале административната линија и дека биле вооружени до заби.

Кога ги забележа нашата полициска патрола, тие брзо влегоа во возилото и побегнаа кон административната линија, рече Петковиќ.


„Денеска полицаец од Бујановац забележал возило на косовската полиција од правец на Карачево кон Брезница, која брзо побркала по белото комбе, и излетала од патот и тргнала во правец на селото. Возилото „дачија“ со регистарски број ПОЛИС 27202 застанало и едно лице излегло од него. Кога косовската полиција застана на тој свиок, беа забележани од нашата полиција која тргна во нивниот правец за да ги спречи да навлезат во Србија. „Кога виделе дека се забележани, лицето кое излегло се вратил во возилото и тие се вратиле на територијата на Косово“, изјави Петковиќ.


Членовите на т косовската полиција нема што да бараат на територијата на централна Србија, како што немаше што да бараат ниту на 14 јуни кога беа лоцирани и од српската полиција, со тоа што на 14 јуни беа уапсени бидејќи беа пронајдени оружје и остамата опрема, рече Петковиќ.
„Јасно е дека имале одредени намери штом се нашле на место каде што немале што да бараат“, вели директорот на Канцеларијата за КиМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

Вучиќ: Никогаш нема да ја напуштам Србија,…

Александар Вучиќ денеска изјави дека никогаш нема…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Студентската листа во Србија не планира задолжителен…

Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…