(Видео) Нов македонски филм – Творба на група млади
Група млади луѓе изработија нов македонски филм.
Вчера официјално објавен трејлерот на филмот „Најголемата вистина“, додека пак премиерата ќе се одржи кон крајот на февруари во сите кина низ Македонија.
„Инспектор Максим Анчевски (33) од Одделение за Крвни и Сексуални Деликти-
Скопје, поранешен специјалец- “Тигар”,го прославува својот роденден заедно со
неговата најдобра пријателка-Фросина Крстева (26) во кафе-бар на пијачка.
Прославата завршува и Максим тргнува да ја испрати Фросина до нејзиниот дом,
како што секогаш и практикувале, но Фросина инсистира сама да пешачи, на што
Максим не се согласува.
По кратко убедување двајцата се разделуваат, а Фросина таа вечер е убиена –
задавена и силувана.“ – Пишува во краткиот опис на сценариото.
Од трејлерот може да се забележи дека филмот жанровски е мистерија, но содржи и елементи на крими-драма како и акција, во режија на Мартин Цветковски. Погледнете…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…