(Видео) Нов пожар: Гори близу Штип
Нов пожар избувна на патот Штип – Радовиш, а како што информираат од ЦУК гори нискостеблеста шума, грмушки и трева.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека синоќа добиле пријава за пожар на отворено на патот Штип – Радовиш, на излезот на Штип близу затворот.
Екипите на ТППЕ Штип беа на терен. Пожарот се шири лево и десно од патот кон село Драгоево, после затворот.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, апелира до населението да биде исклучително внимателно за да не се предизвикаат пожари.
Како главни причини за избувнувањето на пожарите Ангелов ги посочи палењето оган и скара на отворено, палењето стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат што искри и за кусо време може да предизвика огнена стихија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…