(Видео) Нотар 200 денари, ДУП 200 милиони евра! Герила акција на Левица во Ѓорче Петров

Денес, активисти од Левица, со цел да се испрати реалната слика за новоизгласаниот ДУП СЗ 16, се појавија пред Нотарот од ДУИ каде се собираат потписи за кандидатката за претседател од ДПМНЕ, Гордана Силјановска Дафкова, соопштија од партијата.
– Градоначалникот Стојкоски, функционерите и раководството на ДПМНЕ, дрско и безобразно ги лажат и “своите”, ги лажат жителите, граѓаните чија безбедност и живеење го доведуваат во ризик сѐ со цел исполнување на заткулисниот дил и профитирање од истиот.
Упорно избегнуваат да го споменат и го релативизираат моментот за над 30 станбени згради, висококатници, како и профитот од 240.000.000 евра кој ќе им го донесе ним и на инвеститорите меѓу кои и Имер Селмани, овој шверцерски протнат ДУП за протегот карши пазарот во Ѓорче Петров.
Им порачуваме дека #Левица нема да дозволи доуништување на хуманото живеење, хаос, бетонизација; нема да дозволи да ги ЛАЖЕТЕ граѓаните и до крај ќе се бори против овој мафијашки план на коалицијата ДПМНЕ-СДСМ-ДУИ од кој ќе профитираат тие на штета на жителите на Ѓорче Петров и град Скопје. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…