(Видео) Ова е главниот виновниk за депортацијата на Новак: Се огласи австралискиот министер за здравство по укинувањето на визата на Ѓоковиќ

t

Австралискиот министер за здравство Грег Хант се огласи и објасни зошто првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од првиот Грен слем сезонава.

Конечната одлука стигна до Новак Ѓоковиќ и тој нема да може официјално да ја одбрани титулата на претстојниот Австралија опен. И покрај медицинското ослободување и документацијата што ја доставил, не добил дозвола.

Министерот за здравство на Австралија стави крај на барањето на српскиот тенисер.

Набрзо се појави на една локална телевизија, а неговите зборови ги пренесоа многу светски медиуми.

– Грег Хант потврди дека Новак не успеал да обезбеди доволно докази за да влезе во земјата и затоа ќе биде испратен дома – пишуваат медиумите.

На српскиот тенисер и официјално му е укината визата, но Новак има уште една шанса, неговите адвокати ќе поднесат жалба и ќе се обидат да ја побијат оваа одлука, но шансите за тоа се мали.

– Премиерот веќе нагласи дека Австралијците мора да покажат сертификати за вакцинација за да влезат во кафуле, ресторан, а камоли да влезат во земјата. Ако условите не се исполнети, тогаш сите други треба да се третираат исто. Тоа е тешка одлука, но повторувам дека сите мора да имаат ист третман – јасен е Хант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралиците повикани да се подготват за кризи:…

Австралиците се повикуваат да бидат подготвени за…

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде…

Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“…

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…