(Видео) Овој алигатор не е замрзнат во езеро: Интересна снимка го обиколи светот, еве за што станува збор!
Приложеното видео предизвикало големо внимание на ТикТок, а снимено е во Центарот за спасување на диви животни во Тексас.
На прв поглед, делува дека алигаторот настрадал во замрзнатото езеро, но ситуацијата е сосема поинаква, открива сопственикот на „Gator Coutrny“, Гери Сораџ.
Тој истакнува дека необичната положба на алигаторот под мразот е „нормално однесување во зимскиот период“, пренесува „UPI.com“.
Овие предатори на ниски температури влегуваат во вид на хибернација, а алигаторот направил дупка во мразот и протнал муцката за да може да диши.
„Неговото срце чука три пати во минута. Луѓе, па тоа е неверојатно. Така алигаторите преживуваат во мраз“, објаснил Сораџ.
Треба да се истакне дека во градот Бомонт, каде што е лоциран центарот, минатата недела температурите не надминале 4 степени Целзиусови.
@eddiehanhart123 The amarican alliagtor is absolutely magnificent!! @Gator Country TX #americanalligator #gatorcountrybmt
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…
Филипче: Поддршка за студентите, Србија заслужува промена
Венко Филипче им посака успех на студентите…