(Видео) Овој срам не се пере! ДПМНЕ повторно не се одважија да гласаат за вработените во ЈСП да земат плата

t

Советот на Град Скопје после денешната сага конечно ги изгласа субвенциите за помош на ЈСП со кои вработените ќе можат да земат плата.

Градоначалничката Данела Арсовска ги извести вработените во ЈСП кои чекаа пред просториите на Град Скопје дека субвенциите се изгласани и им се заблагодари на советниците кои се одважија и гласаа за субвенциите.

– Благодарност до оние советници кои денес покажаа одговорност, совесност и храброст во носењето на одлуките.

За жал, тоа не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои по диктат на Мицкоски оставија над 1.000 семејства без плата, и илјадници скопјани без јавен превоз – овој срам не се пере.

И покрај тоа што со нив се изживуваа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, сепак морам да изразам благодарност до Синдикатите во ЈСП кои утрово не ги оставија без превоз учениците и лицата на кои највеќе им треба превоз.

Правда мора да има! – напиша Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…