(Видео) Огнената линија е долга 20 километри: пожарот во Мариово пак пламна
Поради силен ветер, пожарот во прилепскиот дел на Мариово кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, повторно се активирал попладнево, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, од течението на Црна Река до врвот Маргаро.
„На терен се прилепските пожарникари, тимови на ДЗС составени од доброволци од Битола, а дополнително се ангажирани и доброволци од Кочани и од Виница. Главна задача во текот на ноќта, е заштитата на селото Крушевица, кое се наоѓа на неколку километри од местото на пожарот“, соопшти Ангелов.
Во гаснењето биле ангажирани и „ер трактори“ на ДЗС, кои успеале да прекинат дел од огнената линија и значително да го намалат делот што го загрозува блискиот манастир и селото, но работата ја отежнуваат високата сува трева и ветерот, кој постојано дува, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…
Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…
Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…
На четирите тинејџерки против кои се водеше…
Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…
За да нема голем ценовен скок на…
Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…
Битолчанка физички нападната и психички малтретирана од…
На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР…