Објавено на:

(Видео) Огромен пожар избувна по експлозија во фабриката за моторно масло во Азаршахр во Иран

t

По експлозија во фабрика за производство на моторно масло во индустрискиот град Азаршахр, на северозападот на Иран, синоќа избувна голем пожар.

На видеата може да се види како противпожарните бригади се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој наводно избувнал поради високите температури на опремата во нафтениот сектор.

Според информациите, пожарот е изгаснат, а едно лице доживеало респираторна слабост поради пожарот.

Претходно, истиот ден, беспилотни летала со бомби го нападнаа централниот град на регионот – Исфахан.

Аериканскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделник ќе пристигне во Израел за да се сретне со израелските лидери, изјави во четвртокот портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Тој ќе биде вториот висок американски функционер што ќе го посети Израел откако новата влада положи заклетва на 29 декември. Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан се состана со премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…